Се очекуваат ефикасни натпревари во квалификациите за Конференциската лига (Фото)

Пет натпревари од квалификациите за Конференциската лига се дел од Квотите на денот на Sport Life. Натпреварите искомбинирани на еден тикет прават вкупна квота од 46.9.

Понудата започнува со дуелот помеѓу унгарскиот Залаегершег и Осијек. Екипата од Хрватска има предност од 1-0 од првиот меч, а денес се очекува многу поефикасен дуел. Предлогот за овој натпревар е да бидат постигнати помеѓу еден и три гола во двете полувремиња. Квотата за оваа игра е одлична, 2.15.

Екипата на Шкупи се изнапромашува на првиот дуел во Скопје и му дозволи на Левски од две полушанси да си замине со предност од 2-0 пред реваншот во Софија. Очекувањата се дека денес чаирчани ќе бидат ефикасни и дуелот ќе заврши „гол-гол“. Квотата за овој натпревар е 2.20.

Розенборг и Крусејдерс одиграа нерешено, 2-2, на првиот натпревар во Северна Ирска, па екипата од Норвешка денес мора да победи за да мине во следната рунда. Се очекува Норвежаните да бидат ефикасни и да постигнат погодоци во двете полувремиња, а квотата е 2.10.

Војводина со активен резултат се врати од гостувањето на Кипар против АПОЕЛ и има минимален пораз од 2-1. Предлогот за овој натпревар е екипата од Нови Сад да постигне барем еден погодок во второто полувреме. Квотата е 2.10.

Претставникот на Полска во Конференциската лига, Легија од Варшава, како голем фаворит влегува во реваншот против казахстански Ордабаши. Првиот натпревар заврши 2-2, а денес се очекува победа на Легија со голови распределени во двете полувремиња. Квотата за овој натпревар е најголема во оваа понуда, дури 2.25.

- Оглас -

Најнови вести