Домашните екипи се големи фаворити на натпреварите од ЛК (Фото)

6762 – Левски С. – Шкупи (19:00)

Екипата на Шкупи имаше многу промашувања на првиот натпревар против Левски Софија и не заслужи да загуби со 0-2. Бугарите од две полушанси го совладаа поранешниот шампион на Македонија, а чаирчани денес ќе имаат можност за поправен и ако ништо друго, барем да постигнат погодок во двомечот против Левски.

Предлог тип: Т2 1-3 (1.80)

 

6791 – Дебрецин – Алашкерт (21:00)

Екипата во која настапува репрезентативецот на Македонија, Доријан Бабунски, денес има шанса со уште една победа да го елиминира ерменскиот Алашкерт. Дебрецин победи на првиот натпревар со 1-0, а пласманот во следната фаза треба да го потврди денес со уште една победа, која се очекува да биде ефикасна.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.01)

 

6747 – Трнава – Ауда (17:30)

Словачкиот претставник Трнава изненадувачки на првиот натпревар одигра само 1-1 против Ауда од Летонија и патникот во следната фаза треба да се одлучи денес. Трнава, каде што настапува нашиот репрезентативец Милан Ристовски, е голем фаворит и се очекува да забележи убедлива победа против летонскиот дебитант во европските купови.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.88)

 

6760 – Розенборг – Крусејдерс (19:00)

Розенборг и Крусејдерс важат за екипи кои играат ефикасен фудбал, а тоа го покажаа и на првиот натпревар кој заврши 2-2. Ефикасно се очекува да биде и денес, а Розенборг треба да покаже дека е поквалитетна екипа и да мине во следната фаза. Елиминација на Розенборг во оваа фаза ќе претставува големо изненадување, со оглед на амбициите на клубот кои се пласман во групната фаза.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.75)

 

6785 – Марибор – Диферданж (20:30)

Екипата на Марибор не смее да дозволи нов кикс против претставникот на Луксембург, Диферданж. Словенците на првиот дуел одиграа само 1-1 на гости и денес треба да покажат дека се поквалитетен противник и да се изборат за дуел против Фенербахче во следното коло.

Предлог тип: 1 & 3-6 (1.88)

- Оглас -

Најнови вести