Пет години е член на Ливерпул, а не ја ни помириса соблекувалната на „Енфилд роуд“ (Фото)

Андерсон Аројо во 2018 година направи сензационален трансфер од колумбискиот клуб Форталеца во Ливерпул. Талентираниот дефанзивец го привлече вниманието со игрите на младинското првенство на Јужна Америка.

Веднаш по пристигнувањето беше испратен на позајмица во Мајорка, а таму настапуваше за Б екипата. Следната сезона нова позајмица, овојпат во белгискиот Гент. Следуваше позајмица во Млада Болеслав од Чешка, а потоа уште три позајмици во Шпанија, во Саламанка, Мирандес и Алавес.

Оваа сезона сега веќе 24-годишниот Колумбиец повторно ќе оди на позајмица, и тоа шпанската втора лига во Андора.

Фудбалерот нема ниту еден настап за Ливерпул, ниту за младинците и постојано е испраќан на позајмици, но изненадувачки Црвените минатото лето му го продолжија договорот до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести