Андоновски: Добиваме шанса да се покажеме и во сениорскиот тим

Кошаркарската репрезентација на Македонија викендов ќе одигра два пријателски натпревари во Белград против селекцијата на Полска, а меѓу играчите кои ќе добијат шанса од селекторот Александар Јончевски е и играчот на шампионот МЗТ Скопје, Андреј Андоновски.

Младиот Андоновски ќе се обиде да се наметне кај селекторот Јончевски на единствените два контролни меча и да се најде меѓу кошаркарите кои од 12 до 15 август во Талин, Естонија, ќе настапат на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Париз 2024.

„Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има и искусни и млади играчи коишто сме желни да се покажеме. И доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех“, вели Андоноски.

- Оглас -

Најнови вести