Дембеле барал нереално висока плата, Барселона: “Навредени сме“

Осман Дембеле својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ, откако раководството на “светците“ ја искористи откупната клаузула и за 50 милиони евра ќе го донесе во своите редови.

Од Барселона му било понудено да остане, дури и за повисока плата од таа што ја има во моментов, но фудбалерот имал превисоки барања. Дембеле од раководството на Барселона побарал нов петгодишен договор според кој би заработувал по 20 милиони евра годишно, односно 100 милиони евра за пет сезони.

Ваквата контрапонуда ги навредило челниците на “каталонците“, кои се свесни дека финансиски не можат да му понудат ни блиску до другите клубови.

- Оглас -

Најнови вести