Пред четири месеци за малку ќе умреше на терен, а во првиот меч по враќањето даде гол (Видео)

Пред нешто повеќе од четири месеци, дуелот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол се случи драматичен момент. При резултат 1:1, на теренот ненадејно падна српскиот интернационалец Драгиша Гудељ, кој е брат на  репрезентативецот Немања Гудељ.

Драгиша остана да лежи неподвижен на теренот, па веднаш интервенираше лекарската екипа. Гудељ беше реанимиран, а докторот кој беше прв што му помигна опишува колку била драматична ситуација и тоа дека Србинот цели пет минути бил без пулс, па вистинска среќа е како успеал да се спаси.

По направената лекарска контрола и интервенција во болницата, на Гудељ му бил вграден дефибрилатор, електронски уред сличен на срцев пејсмејкер кој се вградува под кожата на пациентот. Вграден кардиовертер-дефибрилатор доби и Кристијан Ериксен откако доживеа срцев удар на стартот на последното Европско првенство.

По оваа интервенција, Гудељ исто како и Ериксен доби дозвола за профи настапи. По четири месеци од драмата со која се соочи Гудељ, Србинот синоќа го одигра првиот меч и тоа го зачини со погодок од пенал, а потоа на емотивен начин прослави со соиграчите.

 

- Оглас -

Најнови вести