Објавата на славниот голман Џанлуиџи Буфон дека ја завршува кариерата, комплетираше одлична фудбалска 11-ка на новопечени пензионери кои веќе нема активно да се занимаваат со играње фудбал.
Во календарската 2023 година, се повлекоа неколку легенди и ѕвезди, па од нив може да се состави силен тим според позициите на кои играа.
На голот е Буфон, во одбраната Врсаљко, Миранда, Годин и Германецот Јонас Хектор, во средина Леива, Фабрегас и Озил, а во нападот Давид Силва, Бејл и Ибрахимовиќ. Ова пред неколку години би бил многу опасен тим кој би можел речиси секого да победи.