Холандската легенда и на 47 години покажа фудбалска магија и даде прекрасен гол (Видео)

Некогашната голема фудбалска ѕвезда Кларенс Сидорф го имаше најдобриот потег, на хуманитарниот меч кој се играше во Лондон. Дуелот го организираа Андриј Шевченко и Олександер Зинченко, како дел од поддршката за Украина, а на крајот резултатот беше 2:2.

Во 41 минута, Сидорф доби една топка на околу 20 метри и со прецизен силен шут го матираше легендарниот германски голман Јенс Леман, за воодушевување на трибините.

https://twitter.com/i/status/1687883085038100481

 

На теренот се најдоа некогашни ѕвезди од калибарот на Андриј Шевченко, Дарио Срна, Самуел Ето, Клод Макалеле, Џанфранко Џола, Рио Фердинанд, Џо Кол…

- Оглас -

Најнови вести