Навивачката група Комити го бодри Вардар на гостувањето кај Брера Струмица (некогашна Академија Пандев), и покрај забраната за присуство на стадионот.
Комитите не се на трибините и со тоа е испочитувана забраната на ФФМ. Сепак, најверните навивачи на најтрофејниот македонски фудбалски клуб се сместија зад оградата на спортскиот центар „Пандев“ во Струмица и од таму, зад едниот гол, навиваат за Црвено-црните.
По првото полувреме на мечот Брера Струмица – Вардар, резултатот е 0-0.