Гвардиола: „Ако биде вака, натпреварите ќе траат до девет сабајле“

Манчестер сити не успеа да дојде до првиот трофеј во сезоната откако на пенали загуби од Арсенал во Супер купот на Англија, познат како Комјунити шилд. „Граѓаните“ имаа водство од 77-мата минута, но примија погодок во 11-тата минута од судиското продолжение на мечот, а Арсенал беше подобар на пенали.

„Ги продолжуваат натпреварите поради головите. Ако по секој гол на натпревар кој ќе заврши 4-3 додадеш по 30 или 45 секунди, тогаш ќе останеме на терен до девет наутро следниот ден. За ова мора да се разговара на интернационално ниво. Тренерите никој ништо не ги прашува, ниту пак играчите. Доаѓаш, играш и ги прифаќаш правилата“, изјави Гвардиола, кој не е задоволен од новото правило за големо продолжение на мечевите.

Натпреварот Манчестер сити – Арсенал беше продолжен за осум минути, кои сепак беа многу повеќе и Граѓаните примија погодок во 11-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести