Пет натпревари од пет различни првенства прават тикет со вкупна квота од 34 (Фото)

3639 – Работнички – Шкупи (17:00)

Првото коло од шампионатот на Македонија ќе го затворат екипите на Работнички и Шкупи со дуел на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Последните два натпревари помеѓу овие екипи завршија со вистински голеади. Шкупи на „Чаир“ победи со 3-1, додека на гости во Маџари славеше со 2-4. Така се очекува да биде и денес, и двете екипи да прикажат ефикасен фудбал за задоволство на гледачите и љубителите на македонскиот фудбал.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50)

 

1720 – По – Бордо (20:45)

Екипата на Бордо во финишот на минатата сезона не успеа да стигне до промоција во прволигашката конкуренција во Франција, па оваа сезона ќе има нова можност за такво нешто. Поранешниот шампион на Франција е фаворит на гостувањето кај По и се очекува дека нема да загуби и да си дозволи со пораз да ја почне сезоната во која има големи амбиции.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.85)

 

2837 – Валур – КА Акурејри (18:00)

Екипата на Валур е голем фаворит против КА Акурејри во првенството на Исланд. Домашните се второпласирани со шест поени помалку од лидерот Викингур и ако сакаат да останат во трката по шампионската титула, ќе мора да победат. Валур го има вториот најдобар напад во лигата, па се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.87)

 

1282 – Голвеј – Трити jунајтед (17:00)

Лидерот на табелата во втората по ранг лига во Ирска, Голвеј, е голем фаворит против претпоследниот Трити јунајтед. На овој натпревар се очекува вистинска голеада, со оглед на тоа дека се работи за екипи кои играат ефикасни натпревари, но со различен ефект. Голвеј е одличен во нападот, а Трити јунајтед има слаба одбрана, што е доволен показател за нивните позиции на табелата.

Предлог тип: 4+ (1.96)

 

2437 – Сепси – Оцелул Галац (17:30)

Клубот на унгарското малцинство во Романија, Сепси, е голем фаворит во дуелот против Оцелул Галац. Домашните имаа одличен почеток на првенството и освоија седум бода на првите три натпревари и со евентуална победа денес ќе се искачат на втората позиција на табелата. На спротивната страната, екипата на Оцелул има само два поена и е претпоследна. Последните три натпревари помеѓу овие две екипи завршија со 0-3 голови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.00)

- Оглас -

Најнови вести