Со секој нов меч во дресот на Интер Мајами, Лионел Меси покажува нова фудбалска магија и ги радува навивачите на неговиот нов клуб. Во драматичен меч, Интер Мајами на гости кај Далас победи, и тоа по подобро изведување на пеналите откако во регуларниот дел резултатот беше 4:4.
Меси повторно беше херојот постигнувајќи два погодока и двата беа фантастични со шутеви од над 20 метри.
По завршување на мечот, домашните фанови на Далас беа разочарани затоа што нивниот тим беше елиминиран, а на трибините се случи и еден инцидент. Навивач кој имаше дрес на Аргентина со бројот 10 и Меси на грбот се пресмета со двајца противнички симпатизери.
Вистинскиот Меси доминираше на теренот, а овој навивач со дресот на Меси успеа фајтерски да се спротистави на двајцата противнички навивачи. За среќа, на крајот никој не беше посериозно повреден во оваа тепачка.