Салах останува во Ливерпул, не го интересира понудата од Саудиска Арабија

Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас, изјави дека египетскиот репрезентативец не сака да го напушти Ливерпул.

„Доколку Салах сакаше да си замине од Ливерпул оваа година, тогаш немаше да го обнови договорот. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, напиша Абас на „Твитер“.

Најголем интерес за Салах во преодниот рок пројави саудискиот Ал-Итихад, кој на Ливепрул му понуди 52 милиони фунти отштета, а на одличниот фудбалер му нудеше двегодишен договор.

Салах минатото лето потпиша нов договор со Ливерпул до 2025, со кој стана најплатен фудбалер во историјата на Црвените.

Салах на „Енфилд“ пристигна во 2017 година од Рома и досега одигра 305 натпревари и постигна 186 гола, а со Црвените ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп, Светското клупско првенство, ФА купот, Лига купот и Комјунити шилд.

- Оглас -

Најнови вести