Европскиот првак пресилен за нашите кадети, следуваат главните битки за опстанок во А дивизија

Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години убедливо беше поразена од литванските врсници со 52-95, а сега за избраниците на селекторот Александар Јованчев следуваат најважните натпревари на Европското првенство кое се игра во Скопје.

Литванија е актуелен европски првак во оваа возрасна категорија, па резултатскиот дебакл на нашите таленти не е големо изненадување. Во македонскиот тим најдобар беше Никола Јаничиќ со 15 поени и 6 скока.

Групната фаза е завршена, сега следува осминафиналето. Противник на Македонија ќе биде Словенија, која ги победи Црна Гора и Турција, а загуби од Италија, па го освои второто место во својата група.

Ако загубиме од Словенците, Македонија ќе разигрува за 9-16 место и опстанок во А дивизија. Од елитата ќе испаднат три тима (14-тиот, 15-тиот и 16-тиот).

- Оглас -

Најнови вести