Македонија против добро познати противници во квалификациите за Евробаскетот 2025 (Фото)

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Летонија, Кипар, Финска и Полска.

Нашата репрезентација се најде во групата Х со домаќинот Полска, Литванија и Естонија. Со оглед на тоа дека еден од кодомаќините е во нашата група, Полска има директен пласман на Евробаскетот, а најдобрите две репрезентации од останатите три од нашата група ќе обезбедат пласман на континенталниот собир. Тоа ќе значи дека Македонија ќе мора да биде подобропласирана од Литванија или од Естонија за да се врати на Европските првенства првпат по 2015, кога игравме во групата во Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести