За вечерва планирано беше да се одиграат седум натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите, но ќе се одиграат само шест откако дуелот помеѓу АЕК и Динамо Загреб беше одложен поради нередите во коишто загина еден навивач на домашната екипа.
На останатите натпревари најголем фаворит е екипата на Брага, која има квота од 1.20 за победа над ТСЦ Бачка Топола. Голем фаворит е и ПСВ Ајдховен против Штурм Грац со квота од 1.45.
Од гостинските екипи најголем фаворит е Молде против сенцазијата КИ Клаксвик со квота од 1.70, а слична е и квотата за победа на Галатасарај на гостувањето против Олимпија Љубљана.
Денес ќе се одигра и еден натпревар од квалификациите за Лигата на Европа, а квотите се изедначени и шансите за победа се тука некаде и за Астана и за Лудогорец.