Германски нисколигаш го направи еден од најголемите пресврти во историјата (Фото)

Еден од најголемите пресврти во историјата на фудбалот се случи синоќа, на натпревар од четвртата германска лига.

Екипата на Шот Мајнц до 90-тата минута имаше водство од 1-3, но на крајот успеа да го загуби натпреварот. Гостите имаа водство од 0-2, па домашните намалија на 1-2, а Шот Мајнц во последната минута од регуларното време зголеми на 1-3.

Вистинското лудило следуваше во судиското надополнување на времето. Во 92-рата минута ФСВ Франкфурт намали на 2-3. Во 97-мата минута веќе беше 3-3, а конечните 4-3 за ФСВ Франкфурт беа поставени во 99-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести