Сите пет европски натпревари се дел од Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари од европските фудбалски купови се од понудата на Квотите на денот во Sport Life. Натпреварите искомбинирани на еден тикет прават квота од 57.4.

Понудата започнува со дуелот од квалификациите за Конференциската лига помеѓу АЕК од Ларнака и Макаби од Тел Авив. На овој дуел се очекуваат погодоци, а предлогот е да биде постигнат најмалку еден погодок во првиот дел и најмалку три на целиот натпревар. Квотата е одлична, дури 2.40.

Тврд и неефикасен фудбал се очекува на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Панатинаикос и Олимпик Марсеј. Гостите од Франција се благи фаворити и токму затоа предлогот е да се одигра двојна шанса на Марсеј со малку голови, односно од нула до два. Квотата е 2.30.

На вториот натпревар од квалификациите за Конференциската лига, екипата на Гент е фаворит против полскиот Погон. Предлогот е да се одигра на голови на домашната екипа, а од Гент се очекува да постигне помеѓу еден и три гола во двете полувремиња. Квотата за оваа игра е 2.20.

Погодоци се очекуваат и на натпреварот од квалифкациите за Лигата на шампионите помеѓу Слован Братислава и Макаби Хаифа. На овој натпревар нема изразит фаворит и токму затоа предлогот е да бидат постигнати помеѓу еден и три погодоци во двете полувремиња. Квотата за овој натпревар е 2.10.

Победа на Глазгов ренџерс и многу голови се очекуваат на последниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите во вечерашната програма. Шкотите се фаворити и се очекува нивна победа зачинета со погодоци во двете полувремиња. Квотата и за овој натпревар е одлична, 2.25.

- Оглас -

Најнови вести