Денеска е слободен ден на ракометното Светско првенство за ракометари до 19 години, а македонскиот тим од Риека се сели во Копривница, каде што утре ќе игра со Унгарија во разигрувањето за 9-12 место.
На мечевите во Риека, на трибините можеше да се забележи мала, но гласна група македонски навивачи, која без прекин им дава поддршка на младите во битките со противниците.
По победата над Австрија, со која Македонија обезбеди разигрување за 9-12 место, ракометарите и стручниот штаб прославуваа заедно со фановите кои се нивен ветер во грб.
Меѓу Фалангата има и родители на ракометарите, татковците и мајките има со што да се гордеат. Тие нема да ги остават ракометарите сами, ќе бидат со нив и во Копривница, па момците на терен пак ќе се чувствуваат како да играат дома.