Екипите на Милан и Интер ќе мора да побараат нова локација за изградба на нов стадион кој заедно ќе го градат бидејќи сегашниот „Сан Сиро“, како што го нарекуваат Росонерите, односно „Џузепе Меаца“ според Нераѕурите, градот Милано го прогласи за културно добро.
Комисијата за културно наследство на градот Милано одлучи стадионот во иднина да претставува монументален споменик, иако претходно од пониските градски органи беше дадено зелено светло за рушење.
Новата одлука е донесена на основа на големите успеси кои ги имаа двата тима на овој стадион, како и на успесите на репрезентацијата на Италија, која некои од најголемите натпревари во историјата ги играла токму во Милано.
Official Statement: A new stadium for Milano ➡️ https://t.co/nzRd89RR3O
Comunicato Ufficiale: Un Nuovo Stadio per Milano ➡️ https://t.co/LHcmphv4tL#SempreMilan pic.twitter.com/CAUL8NVGp3
— AC Milan (@acmilan) December 21, 2021
„Комисијата едногласно одлучи дека второто ниво од стадионот „Сан Сиро“ е од културен интерес“, стои во соопштението кое го објави градската комисија за културно наследство.
Со ваквата одлука се доведува во прашање изградбрата на нов модерен стадион кој требаше да биде завршен во 2027 година. Италијанските медиуми пишуваат дека градот Милано на двата тима ќе им понуди друго земјиште каде што би можеле да го изградат новиот стадион.