Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде драстично ослабена на предквалификациите за ЛОИ, кои ќе бидат во Талин, откако од составот отпадна Ненад Димитријевиќ.
Најдобриот македонски кошаркар во моментов беше дел од двата контролни меча во Полска и во Белград, но по враќањето во Скопје, Димитријевиќ се пожалил на болки во пределот на тетивата.
На местото на Димитријевиќ, во составот е повикан Андреј Шошкиќ од Работнички. Македонската експедиција утре заминува за Талин, каде што ќе одигра три меча. На 12 август во првото коло ривал ќе ни биде Израел, потоа следниот ден ќе играме против домашната Естонија, а предквалификациите ќе ги завршиме со дуел против Чешка на 15 август.