Бенфика го освои Суперкупот на Португалија, јунак Ди Марија, Пепе исклучен (Видео)

Бенфика го победи Порто со 2-0 во португалскиот Суперкуп, што за лисабонските Орли е деветти суперкуп трофеј, колку што има и Спортинг Лисабон (Порто има 23).

Аргентинската ѕвезда Анхел ди Марија, кој по 13 години се врати во Бенфика, го даде првиот гол во 61-вата минута, а седум минути подоцна завршниот удар на Порто му го зададе Хрватот Петар Муса.

Кога стана јасно дека ќе загубат, во Порто ги загубија нервите, па во 90-та минута исклучен беше ветеранот Пепе, како и тренерот Сержо Консеисао.

Пепе додека го напушташе теренот, го соблече дресот и им го покажуваше на навивачите, а по мечот никој од Порто не сакал да им даде изјава на новинарите, ниту се појавиле на прес-конференција.

Ова е убавиот гол на Ди Марија со кој беше „начнат“ Порто:

https://twitter.com/i/status/1689384306295119872

- Оглас -

Најнови вести