Баерн и Тотенхем се договорија, но сега Кејн се двоуми и тоа поради новиот тренер

Баерн Минхен и Тотенхем конечно постигнаа договор за трансферот Хари Кејн, но сега напаѓачот се двоуми, објави „Атлетик“.

Германскиот шампион попушти, му ја исполни желбата на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, и денеска понуди отштета во висина од 100 милиони фунти.

Леви ја прифати понудата и за комплетирање на трансферот се чека зелено светло од Кејн, кој пак сега се двоуми околу преселбата во Минхен, иако претходно ги договори личните услови.

Причина за ова е новиот тренер на Тотенхем, Ангеу Постекоглу, од чија работа е презадоволен Кејн.

Фудбалерот има рок до недела да одлучи дали ќе ја прифати понудата или ќе остане во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести