Во англискиот ЕФЛ куп е изведен најлудиот пенал во историјата (Видео)

Дуелот од првото коло на англискиот ЕФЛ куп помеѓу Акрингтон и Брадфорд во регуларниот дел заврши без победник, 1-1, а победникот мораше да биде решен по изведување на пеналите.

Токму таму се случи најкомичниот пенал во историјата на фудбалот. Фудбалерот на Акрингтон, Кореде Адедојон, беше изведувач во третата серија за домашната екипа, но кога зеде залет да го изведе пеналот, се лизна и лошо ја зафати топката. Сепак, и покрај тоа, топката за малку ќе завршеше во мрежата на Брадфорд, но голманот на гостите, Хари Луис, со крајни напори успеа да ја избие.

На крајот ова промашување беше клучно и Брадфорд се радуваше за пласман во следната рунда. Промашениот пенал може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести