Сплит живее за Хајдук: Продадени над 30.000 влезници за дуелот против Славен Белупо, а мечот се игра во недела

Сплитски Хајдук на социјалните мрежи информираше дека до сега се продадени над 30.000 влезници за првенетвсниот натпревар против Славен Белупо кој треба да се одигра во недела со почеток во 21:05 часот на стадионот Пољуд.

Во продажба остануваат безмалку 3.000 влезници, а со оглед на тоа дека до почетокот на мечот имаше уште околу 50 часа, нема сомнеж дека Пољуд ќе биде комплетно распродаден.

Овој натпревар може да влезе и во топ 5 најпосетени домашни натпревари на Хајдук откако се игра хрватското првенство, а рекордот го држи дуелот против Динамо Загреб од минатата сезона (1-1) со 32.600 гледачи. На второто место е натпреварот против Ријека, од минатото коло со само 16 гледачи помалку од прворангираниот против Динамо.

Сплит и воопшто цела Далмација уште еднаш докажаа дека го сакаат и живеат за Хајдук, што е одличен пример за нашите клубови.

- Оглас -

Најнови вести