Дембеле е нов играч на ПСЖ, промоцијата се очекува вечерва на дуелот против Лориен

Трансферот на Осман Дембеле од Барселона во ПСЖ е готова работа. Францускиот репрезентативец после шест години си заминува од “Ноу Камп“ и во иднина ќе го носи дресот на “светците“ од Париз.

Висината на обесштетувањето ќе изнесува 50 милиони евра, колку што беше неговата откупна клаузула на една година пред истекот на неговиот договор со Барселона. Според договорот, Дембеле и Барселона треба да го поделат обесштетувањето, но информациите велат дека французинот ќе се откаже од дел од парите и ќе задржи само 10 милиони евра, додека останатите 40 милиони евра ќе ги добие Барселона.

Промоцијата на Дембеле во дресот на ПСЖ се очекува да биде вечерва на мечот против Лориен.

- Оглас -

Најнови вести