Пелистер и Беса се главни фаворити, Тетекс ја чека својата шанса од втор план

Фудбалските второлигаши денес ќе означат старт на новата сезона. Правилата за влез во повисок ранг остануваат исти како и минатата сезона, односно двете најдобропласирани екипи обезбедуваат статус на прволигаши, додека третопласираниот ќе игра бараж натпревар против 10-тиот од првата лига.

Екипите на Пелистер и Беса според она како пазареа во летниот преоден рок се најголеми фаворити за влез во прволигашката конкуренција. Екипата на Тетекс која одлично се засили од втор план ќе ја чека својата шанса, а во борбата за третата позиција освен тетовци, ќе бидат и екипите на Скопје, Детонит Плачковица, Охрид и Арсими.

Беласица, Каменица Саса, Кожуф, Башкими и Вардар Неготино со солидни екипи треба да ја запоседнат златната средина на второлигашката средина.

Во долниот дел и во борбата за опстанок најзагрозени ќе бидат екипите на Победа, Осогово, Караорман и Новаци. Помеѓу овие четири екипи ќе биде борбата да се избегне најлошото, испаѓање во Третата лига. Кога сме кај испаѓањето, тука правилата малку се изменети. ФФМ конечно ги постави правилата според здравата логика и ги укина оние смешни ждрепки за “лаки лузерите“, па така оваа сезона ќе испаднат двете последнопласирани екипи, а 14-тото место носи бараж за опстанок против една од првопласираните екипи од регионите.

Двојки за 1. коло – денес во 17 часот:

Башкими – Охрид
Победа – Тетекс
Осогово – Беса
Беласица – Пелистер
Новаци – Арсими
Каменица Саса – Скопје
Детонит Плачковица – Вардар Н.
Кожуф – Караорман

- Оглас -

Најнови вести