Јончевски: Скокот ни е проблем, шансата со Естонија ни е да прикажеме борбена игра

Кошаркарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 65:86 од Израел го започна настапот на претквалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз 2024.

Селекторот Александар Јончевски по мечот изјави дека причина за поразот е отсуството на поголем број на стардарни репрезентативци поради што помалидде кошаркари добија шанса уште во првата четвртина, како и скокот.

„Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија. Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од „втора шанса“. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход“, изјави Јончевски.

- Оглас -

Најнови вести