Селекторот на САД вели дека Шпанија е главен фаворит за титулата на СП

Стив Кер, селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, смета дека Шпанија е главен фаворит за освојување на златниот медал на претстојното Светско првенство што од 25 август до 10 септември ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Токму следниот контролен натпревар на САД ќе биде против Шпанија.

„Тоа ќе биде одличен натпревар меѓу две искусни репрезентации. Шпанија е прва според рангирањето на ФБА, тие се актуелни светски шампиони и мечот против нив ќе биде одличен тест за нас. Притисокот е дел од секое натпреварување, сакаме да чувствуваме притисок бидејќи сакаме да ја освоиме титулата. Од друга страна, ние не сме главни фаворити за титулата, тоа е Шпанија“, изјави Кер.

САД на СП ќе биде дел од групата Ц заедно со Јордан, Грција и Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести