Шкупи го доби дербито со Вардар, Тиквеш е новиот лидер во Првата лига

Екипата на Шкупи успеа да го добие дерби дуелот против Вардар на стадионот “Борис Трајковски“ со минимални 1-0. Херој на “чаирчани“ беше новото засилување Нилтињо кој единствениот погодок на мечот го постигна во 79-тата минута. Вардар во првото коло загуби од Брера во Струмица, па така со нула бодови останува на дното на прволигашката табела, заедно со Воска и Гостивар.

Хит на првенството се екипите на Тиквеш и Брера, кои се единствените со максимален ефект после две првенствени кола. Сепак, Шкендија и Струга кои победија во првото коло, нивниот меѓусебен натпревар ќе го одиграат на 30-ти август.

Тиквеш на гостински терен беше убедлив против Гостивар и победи со 0-3 со головите на Кјуреж, Ибиши и Ивановски, додека Брера на домашен терен го совлада новиот прволигаш Воска со 2-0 со головите на Крстевски и Руфати.

Возбудувања имаше и во скопската населба Ѓорче Петров, каде домашната Македонија ЃП минимално ја совлада штипска Брегалница со 1-0. Единствениот погодок за “лавовите“ беше дело на Алексеј Славков.

Екипата на Силекс ја забележа првата победа оваа сезона, откако на домашен терен славеше над Работнички со 2-0 со головите на Каланоски од пенал и Марјан Ристовски.

Резултати:
Вардар – Шкупи 0-1
Гостивар – Тиквеш 0-3
Брера – Воска 2-0
Македонија ЃП – Брегалница 1-0
Силекс – Работнички 2-0
Шкендија – Струга одложена

Табела:
1. Тиквеш 6, 2. Брера 6, 3. Струга 3 (-1), 4. Силекс 3, 5. Шкендија 3 (-1), 6. Работнички 3, 7. Брегалница 3, 8. Македонија ЃП 3, 9. Шкупи 3, 10. Вардар 0, 11. Воска 0, 12. Гостивар 0.

- Оглас -

Најнови вести