Статистиката покажува колку Меси е подобар од Роналдо оваа сезона

Лионел Меси и оваа сезона е незадржлив во дресот на Барселона. Аргентинецот со два гола беше најзаслужен што шпанскиот првак се спаси од пораз во дербито против Валенсија (2-2). За разлика од Меси, неговиот најголем конкурент на теренот, Кристијано Роналдо, ја игра првата сезона во дресот на Јувентус и не е на нивото на кое беше додека го носеше дресот на Реал Мадрид.

Според статистичките податоци, Меси е многу подобар од Роналдо. Аргентинскиот виртуоз сезонава даде 29 погодоци во сите натпреварувања, а Роналдо има 17 погодоци. Кога се работи за асистенциите, тогаш е 14-7 во корист на Меси.

Во статистиката за клучни додавања, Меси е повеќе од двојно подобар. Лео има 89 такви додавања, а Роналдо 44. Речиси три пати е поголема разликата кога се работи за дриблинзите. Меси има 96 дриблинзи, а Роналдо само 33. Кога се работи за играч на мечот, Меси сезонава 13 пати ја доби таа награда, а Кристијано само 7 пати.

 

- Оглас -

Најнови вести