ПСЖ почна да губи, а Нејмар подготвува забава за 500 луѓе

Додека во Пари Сен Жермен се мислат како да го надополнат отсуството на Нејмар од фудбалскиот терен во следните два месеци, Бразилецот подготвува забава. Иако има повреда на ногата, тоа не го спречува Нејмар да организира журка на која ќе има 500 луѓе, а повод е неговиот роденден, на петти февруари 1992 година е роден еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Еден од спонзорите на Нејмар е задолжен за организирање на забавата, која секога година традиционално се организира. Очигледно дека Бразилецот воопшто не е загрижен што ПСЖ без него во тимот, синоќа го претрпе и првиот пораз сезонава во француското првенство. „Светците“ загубија со 2-1 на гостувањето кај Лион, но и понатаму се убедливи лидери на табелата.

Најголем проблем за францускиот првак ќе биде неиграњето на Нејмар на двата меча од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести