Договорени се сите детали околу трансферот на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал. Светците ќе добијат 100 милиони евра обесштетување, а Бразилецот ќе заработува по 160 милиони евра годишно, или вкупно 320 милиони евра за две сезони.
Нејмар на располагање во секое време ќе има приватен авион, ќе добие голема вила со личен персонал, ќе има бонуси од 80.000 евра за секоја победа на Ал-Хилал, но и по половина милион евра за секоја објава на социјалните мрежи со која ќе ја промовира Саудиска Арабија.
Бразилскиот репрезентативец по 10 години ја напушта Европа, а во 2017 година го направи рекордниот трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.