Австриското „лошо момче“ ќе биде замената за Лукаку во Интер

Екипата на Интер е пред официјализација на трансферот на Марко Арнаутовиќ од Болоња. Репрезентативецот на Австрија треба да биде замената за Ромелу Лукаку во екипата на Интер, а висината на трансферот ќе биде 10 милиони евра.

Ова за Арнаутовиќ ќе биде враќање на „Џузепе Меаца“ по 13 години бидејќи во 2010 година беше дел од Интер, но како позајмен фудбалер од Твенте, кој потоа му го продаде на Вердер Бремен.

Во тој период Австриецот забележа само три настапи за првата екипа на Интер и на теренот мина само 55 минути, со оглед на тоа дека настапуваше за младинската екипа.

- Оглас -

Најнови вести