На српскиот репрезентативец ќе му пропадне трансферот на кариерата само поради однесувањето на неговиот татко

Се чинеше дека трансферот на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ од Удинезе во Интер е завршена работа. Фудбалерот дури пристигна во Милано на лекарски прегледи, а клубот од Удине ги очекуваше своите 16 милиони евра, колку што требаше да чини трансферот.

Сепак, работите се променија во последен момент, и тоа само поради однесувањето на таткото на фудбалерот. Самарџиќ во Милано пристигнал заедно со својот менаџер, но на преговорите и потпишувањето на договорот се појавил и неговиот татко со друг агент и побарал дополнителни пари од Интер.

Раководството на Интер тука ја прекинало целата процедура и го ставила трансферот во мирување сè додека таткото на Лазар Самарџиќ не се изземе од преговорите и не го остави својот син заедно со неговиот менаџер да ја завршат работата која е започната.

Интер во Самарџиќ гледаше достојна замена за Марсело Брозовиќ, а затечени останаа и во Удинезе бидејќи останаа без планираните пари од трансферот на 21-годишниот Србин.

 

- Оглас -

Најнови вести