Вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан не дозволи сензација против Лихтенштајн и со победнички гол за 2:1 и донесе очекувана победа на Ерменија
Најдобриот стрелец на Вардар, Тигран Барсегјан спречи голема сензација на стартот од натпреварите во нашата група во Лигата на Нации и со победнички гол во 76. Минута и донесе стартни три бода на Ерменија. Голманот на Лихтенштајн Бењамин Бихел бранеше чудесно добро, му одбрани и пенал на Михтаријан при резултат 1:1, но аутсајдерот го урна Барсегјан.
Ерменците поведоа со голот на Пицели по половина час игра, а само 180 секунди подоцна Волфингер израмни. Ерменците постојано напаѓаа, имаа шанса и од пенал да поведат, но играчот на Арсенал Хенрик Михтаријан не беше прецизен. Бихел му го одбрани ударот од белата точка во 69. минута, но Барсегјан со погодок 7 минути подоцна ги постави работите на свое место.
Ова беше прв меч од нашата четврта група во Д сегментот во Лигата на Нации, а вечерва и Македонија ќе го игра стартниот меч, против Гибралтар од 20,45 часот.