Нов момент и можеби клучен доказ: Убиецот на грчкиот навивач Михалис имал тетоважа на вратот (Видео)

Грчките медиуми објавија дека човекот кој со предмет што личи на стап или метална шипка го исече Михалис Кацурис во левата рака, при што му ја погоди артеријата и од големото крварење фанот на АЕК почина, имал тетоважа на вратот.

Полицијата ги проверила сите уапсени, но повеќемина од нив имале тетоважи на вратот и сепак ДНК примероците ќе треба да потврдат точно кој од нив му ја нанесе смртоносната повреда на Михалис минатата недела, при судирот на навивачите на Динамо Загреб, потмомогнати од фанови на Панатинаикос, против тие на АЕК во Атина.

Лошиот квалитет на снимката е причина што не може да се види што точно има истетовирано момчето облечено во црно кое го прободе Михалис, кој носел сина маица, па затоа останува отворена опцијата дека фан на АЕК по грешка го прободел мислејќи дека Михалис е навивач на Динамо, затоа што носеше маица во боите на загрепскиот клуб.

https://twitter.com/i/status/1691151947548467201

- Оглас -

Најнови вести