Нејмар планира да се врати во Барселона, ама откако ќе одигра две сезони во Ал-Хилал

Според пишувањето на новинарите на францускиот весник „Л‘екип“, Нејмар планира да се врати во Барселона откако ќе му истече двегодишниот договор со Ал-Хилал, кога ќе има 33 години.

Бразилецот и летово сакаше да се врати во клубот од којшто во 2017 година си замина во Пари Сен Жермен, но стручниот штаб на Барса се противеше на тоа. Нејмар прифати супер богата понуда од Ал-Хилал (плата од 300 до 400 милиони за две години), плус 500.000 евра за секоја објава со промоција на Саудиска Арабија на неговиот инстаграм-профил и бонус од 80.000 за секоја победа на тимот.

Нејмар утре треба да потпише за најпопуларниот клуб во Саудиска Арабија, а се надева дека за две години ќе се врати во Европа, каде што Барса му е прв избор.

- Оглас -

Најнови вести