Експресна реакција: Суспендирани судиите кои не досудија пенал за Вулверхемптон на „Олд Трафорд“

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Англија денеска ги суспендира главниот арбитер Сајмон Хукер и неговите помошници во ВАР-собата, Мајкл Сејлсбери и Ричард Вест, поради направените грешки на вчерашниот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон.

Судиската комисија експресно реагираше и прво им се извини на Волците, а потоа ги суспендира судиите за следното коло во Премиер лигата.

Хупер, како и судиите во ВАР-собата, пропуштија да досудат пенал за Вулверхемптон во шестата минута од судиското продолжение на мечот кој заврши со минимален триумф на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести