Панатинаикос по голема драма, го елиминира Олимпик Марсеј и ќе игра против Брага во баражот за влез во групите од Лигата на шампионите, а Матео Гендузи од Марсеј е најголемиот трагичар во францускиот тим и најголем јунак за ПАО.
Со два гола на Обамејанг, Марсеј до самиот финиш имаше водство од 2-0, резултат кој ги носеше понатаму, но длабоко во судиското продолжение, топката го удри Гендузи во рака и по реакција од ВАР-собата, судијата по прегледување на снимката, покажа пенал за Панатинаикос во 99-тата минута. Јоанидис погоди од белата точка и средбата ја однесе во продолженија.
На домашните им беше поништен гол во екстра периодот, по 120 минути остана 2-1 (првиот меч заврши 1-0 за Зелените детелинки од Атина), па пеналите решаваа кој да оди понатаму.
Гендузи шутираше прв за Марсеј, а неговиот шут го одбрани голманот на Панатинаикос. Се покажа дека тоа ќе биде единствениот нереализиран пенал во серијата, па Грците славеа на „Велодром“ и Марсеј остана без место во ЛШ, сега ќе се бори да се најде во Лигата на Европа.
https://twitter.com/i/status/1691569204640518466