Нејмар: Донесов добра одлука, дојдов во најдобриот клуб во Азија!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар откако потпиша двегодишен договор за Ал-Хилал, рече дека чувствува дека донел добра одлука. Се коментира дека ова беше единствениот начин за тој да си замине од Пари Сен Жермен, па затоа сите страни се задоволни.

Нејмар ќе заработи 300 милиони за две сезони само од платата во Ал-Хилал, а тука се и огромни бонуси за секоја победа и за фалење на Саудиска Арабија на профилите на Неј на социјалните мрежи.

„Сакам да напишам историја. Во првенството на Саудиска Арабија веќе има голем број фудбалери од највисока класа. Лигата постојано се развива. Убеден сум дека доаѓам на место кон кое сè повеќе играчи ќе се стремат. Ал-Хилал е голем клуб со фантастични навивачи. Тоа е најдобриот клуб во цела Азија. Чувствувам дека ја донесов правилната одлука во вистински момент. Сакам да победувам и да постигнувам голови“, изјави Нејмар, кој во Ал-Хилал за тренер ќе го има Жорж Жесус, а соиграчи ќе му бидат Малком, Милинковиќ-Савиќ, Кулибали, Рубен Невеш, веројатно и голманот Јасин Боно.

Веднаш по објавувањето на договорот со Нејмар, навивачите на Ал-Хилал ја „окупираа“ продавницата на клубот каде што се продаваат дресови и побрзаа да ја имаат 10-ката со името на Нејмар на грбот.

- Оглас -

Најнови вести