Во САД владее вистинска Месиманија поради Аргентинецот кој игра фантастично по доаѓањето во Интер Мајами и тоа сака да го искористи „Епл“, кој најави снимање на документарен филм.
Утринава Меси повторно ги воодушеви фановите, против Филаделфија постигна фанстичен гол со шут од повеќе од 30 метри и лудилото кое Лионел Меси го предизвика во САД сака да го искористи „Епл“, кој ќе снима документарен филм во кој би бил презентиран комплетниот тек на траснферот на Аргентинецот во Интер Мајами.
Замислата на процудентите на „Епл ТВ“ е на гледачите да им се презентира „досега непознат пристап“ при реализацијата на трансферот на Меси.
Косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, неодамна изјави дека уште пред неколку години започнал да го подготвува теренот за доаѓањето на Меси во МЛС-лигата.