Македонските екипи имаа максимален ефект на првиот натпреварувачки ден на ракометниот турнир во Струга. Откако Вардар го совлада домаќинот на турнирот во првиот меч, Алкалоид во вечерната програма славеше над српскиот Динамо Панчево со 27-23.
Вицешампионот на Македонија уште од самиот старт покажа дека е поквалитетен противник и во текот на целиот меч ја имаше предноста. Првото полувреме му припадна на Алкалоид со 12-9, додека во второто полувреме се играше поизрамнето, а шанса за настап добија сите ракометари.
Утре на програмата на 51-виот ракометен турнир се нови два натпревари. Домаќинот ќе игра против Гуиф Ескилстуна од Шведска, додека Динамо Панчево ќе се сретне против АЕК од Атина.
Патниците во финалето ќе се одлучуваат во петок, кога Алкалоид и Вардар за противници ќе ги имаат АЕК, односно Гуиф, а победниците од овие натпревари ќе играат во големото финале во сабота.