Кристијано Роналдо има една мана, а ја открија италијанските новинари и се работи за лошиот процент на погодени слободни удари.
Роналдо игра на препознатливо ниво и во Серија А за Јувентус постигна 17 гола во досегашниот тек на Калчото, а има и шест асистенции, што е учинок за респект во првата сезона во Италија. Моментно Португалецот е и прв стрелец во италијанското првенство.
Но и навистина нема позабележителен ефект со слободните удари, имаше 13 обиди и не погоди ниту еднаш. За Роналдо во Реал Мадрид и претходно во Манчестер јунајтед слободните удари беа вистински предизвик, а погодуваше често.
Во Јувентус не му оди, тоа го потенцираат и италијанските медиуми, но не се откажува и очекува да го потврди епитетот мајстор за слободни удари што го имаше некогаш во настапите за двата гиганти од Англија и Шпанија.