Аргентинецот е феномен: На 23 години има титули во 10 различни натпреварувања

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварес е вистински магнет за трофеи. Иако има само 23 години, Алварес може да се пофали дека има титули во 10 различни големи натпреварувања како на клупско, така и на репрезентативно ниво.

Напаѓачот е дете на Ривер плејт, а во аргентинскиот гигант помина пет години. За тој период Алварес го освои аргентинското првенство во 2021 година, Купот на Аргентина (2019), Суперкупот на земјата (2019), Националниот куп на Аргентина (2021), Супер купот на Јужна Америка (2019) и Копа Либертадорес (2018).

Пред една година, Алварес направи трансфер од Бока во Манчестер сити, каде што продолжи со жнеењето на трофеи. Во првата сезона со Граѓаните, Аргентинецот се радуваше на титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

Од сите трофеи кои ги има освоено, сигурно највреден е тој во Катар во декември минатата година, кога со Аргентина стана светски првак. Последен трофеј во неговите витрини е пехарот од Суперкупот на Европа, откако Манчестер сити синоќа на пенали ја победи Севиља.

- Оглас -

Најнови вести