Меси: Во Мајами дојдов за да уживам во фудбалот, одлуката не ја донесов преку ноќ, туку одамна!

Лионел Меси на својата прва прес-конференција како играч на Интер од Мајами рече дека намерата со трансферот во овој клуб не му била да го развива фудбалот во САД, туку да ужива во играњето фудбал.

„Мајами е местото каде што сакав да бидам. Одлуката е донесена заедно со семејството, по долго размислување, и среќни сме тука. Не сакав да си заминам од Барселона, но тоа не зависеше од мене и заминувањето во Париз беше преку ноќ. Таа промена беше комплицирана, а ова сега во Мајами е обратно, презадоволни сме од приемот тука, уживаме. Градот е убав, уште немаме најдено куќа за живеење, но јас и семејството живееме мирно и среќно“, вели Меси.

„Не дојдов да го развивам фудбалот во САД, туку да уживам во играњето фудбал. Немам проблем со вештачките терени, сум играл на ваква подлога, навикнат сум“, рече Меси, кој рече дека не размислува за Златната топка бидејќи најголемата награда која ја посакувал, освојување на Мундијалот, веќе ја има.

- Оглас -

Најнови вести