Нејмар за својот роденден пееше, плачеше, играше во инвалидска количка (Видео)

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, денеска полни 27 години, а роденденот го одбележа синоќа, со забава на која имаше околу 200 гости. Забавата беше крстена „Црвена ноќ“ и сите беа облечени во црвено. Прославата се случи во еден од најскапите клубови во близина на Елисејските полиња во Париз, а на Бразилецот повредата на ногата не му попречи многу да се забавува на високо ниво.

Тој оди со помош на патерици, кои исто така беа црвени, а кога сакаше да игра, тоа го направи седнат во инвалидска количка.

На забавата присуствуваа и најголемиот дел од неговите клупски колеги од ПСЖ, дојде и Единсон Кавани, за кого се зборува дека не е во најдобри односи со Нејмар. На прославата се појави и тренерот Томас Тухел, а Дани Алвес и Килијан Мбапе беа меѓу најрасположените.

https://twitter.com/i/status/1092596670917939200

Нејмар го зеде микрофонот и испеа бразилска песна, а едно време дури и се разплака од среќа по желбите од пријателите. Врвот беше кога почна да танцува седнат во количка. Нејмар секоја година прави вакви забави за својот роденден, а меѓу гостите во Париз биле и Диџејот Боб Синклер, бразилскиот пејач Весли Сафадао и светскиот првак во сурфање на бранови, Габриел Медина.

Денеска родендени имаат уште три фудбалски ѕвезди и легенди: Кристијано Роналдо, Георге Хаџи и Карлос Тевес.

Погледнете дел од атмосферата:

- Оглас -

Најнови вести