Кејн почна да ги отплаќа вложените пари, му требаа само четири минути за првата асистенција во дресот на Баерн (Видео)

Баерн Минхен уште во четвртата минута поведе на гостувањето кај Вердер во првиот меч од новата сезона во Бундеслигата, а во голот учествуваше и најскапото засилување во историјата на германскиот шампион, Хари Кејн.

Кејн се најде во стартната постава на Баерн Минхен и веќе во четвртата минута ја забележа првата асистенција, го проигра во празно Лерој Сане кој од контранапад немаше проблеми да го отвори резултатот.

Кејн првите минути во дресот на Баерн ги имаше минатата недела во германскиот Суперкуп на кој славеше Ред Бул Лајпциг со 3:0. а англискиот репрезентативец одигра 30-тина минути.

https://twitter.com/i/status/1692607750780354797

- Оглас -

Најнови вести