Какво деби на Кејн во Бундеслигата, гол и асистенција во триумфот на Баерн (Видео)

Баерн Минхен со победа од 4:0 на гости кај Вердер ја започна одбраната на титулата во Бундеслигата, а навивачите на шампионот го видоа вистинското лице на најскапото засилување во клупската историја, Хари Кејн.

Кејн се најде во првиот тим на Баерн и веќе во четвртата минута му асистираше на Лерој Сане кој го отвори резултатот.

Навивачите на Баерн го дочекаа и првиот гол на капитенот на англиската репрезентација, Кејн во 75-та минута се запиша во листата на стрелци.

 

Последните два гола Баерн ги постигна во судиското продолжение преку Лерој Сане и Матијс Тел.

- Оглас -

Најнови вести