Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена од Јапонија со 3-0 во сетови (25:20,25:18,25:20) од селекцијата на Јапонија во првото коло на 47-то издание на меморијалниот турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски, утре ќе играат против селекцијата на Египет која денеска со 3-1 во сетови ја совлада Грција.
Настапите на одбојкарите на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, се последна проверка пред настапот на Европското првенство на кое Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра токму во Скопје.